
Допадлива едноставност, без разлика на дозата и формата. Зелени пиперки, печени, исчистени, исцепкани, во комбинацијата што прави убаво јадење од речиси сè: лук, магдонос и оцет. Едноставност која не остава никого рамнодушен, без разлика на гурманската амбициозност и начинот на употреба што ќе го одберете: од аскетски минимализам – до основа за посложени јадења. Со вкусувањето, почнува и џагорот на вкусовите: - Пробај го ова! Уште да му додадеш ореви, сецкани, толчени... - Ова би можело и во салати... со сирење... овчо сирење... - Би било убаво да се направи со малку мајонез... и рендано сирење... и целото така... Драги, блиски бои во чинијата, на трпезата.. Естетско-терапевтска интервенција од природата...
Најдобра комбинација... е вашата радост што ја имате на трпезата. На тоа одлично ќе се надоврзат: сирење, крцкав леб, топли и студени предјадења, едноставни и комплексни, калорични и нискокалорични јадења.
Бруто тежина | 790.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 168 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 7 |
Бруто тежина на пакет | 4.80 kg |
Нето тежина на пакет | 2.94 kg |
Бруто тежина на палета | 826.00 kg |
Нето тежина на палета | 494.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x112 |