
Љубителите на лутото, нека си ги подготват марамчињата. Следува средба со едно интересно, кротко... луто што трае. Месести, дебелки, кисело-лути пиперки, со фино потпечена кожичка... ставени притиснати во тегла, доволно долго за убаво да им созрее шармот. - Идеално мезе за ракија! – веќе побрзал да сподели некој од луѓето околу нас. - Колку трае и трае и трае лутово... – се надоврзал следниот. Веднаш потоа, следуваат идеите кој како би ги искомбинирал. Заиграјте се змејови што испуштаат оган!
Откако еднаш ќе ги пробате, лесно ќе почнат да навираат идеи со што би било убаво да ги искомбинирате. Со колбаси, со ракија, со тави со месо, со печено месо...
Бруто тежина | 510.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 264 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 11 |
Бруто тежина на пакет | 3.15 kg |
Нето тежина на пакет | 1.80 kg |
Бруто тежина на палета | 852.00 kg |
Нето тежина на палета | 475.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x119 |