
Добро проверен традиционален тандем: пиперки и павлака. Ти иде да кажеш: „Помалку е повеќе!” Македонска класика – пиперки нурнати во павлака! Крцкавоста, мераклиската киселост, сочноста и свежината на пиперката сомборка доаѓа во полн израз, комбинирана со вкусот, мирисот и мекоста на павлаката. Кога се на трпеза, раката самата посега по нив. „Ама, ај сопри ако можеш!”
тазе печен леб, варен ѓеврек, фурнаринки... Лесно може да се комбинира со буквално сите традиционални кисели и печени деликатесни производи од палетата на Gurmano. Одлично пасува сите традиционални манџи. Како предјадење, може долго да ги густирате долго со добра ракија, но и со други жестоки пијалаци.
Бруто тежина | 510.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 264 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 11 |
Бруто тежина на пакет | 3.15 kg |
Нето тежина на пакет | 1.80 kg |
Бруто тежина на палета | 852.00 kg |
Нето тежина на палета | 475.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x119 |