Gurmano

За нас

Сместена во селска средина, компанијата „Кривогаштани Промет“ од 1990 година работи во услови во кои природата го има главниот збор. Деликатесните производи правени по оригинални рецепти, со почитување на стандардите за безбедност и за квалитет, со години ги пласира на пазарите во Австралија, САД и Европа. Конечно, по повеќе од 20 години, под брендот Gurmano, тие се достапни и на домашниот пазар.

Gurmano IFS Food Gurmano - За нас Gurmano

За полињата

За производство на Gurmano се користат суровини главно добиени од Пелагонискиот Регион. Достапноста на чиста вода, од Црна и од Крушевска Река, во текот на целата година, овој регион го прават исклучително погоден за одгледување градинарски култури. Меѓу нив е и пиперката куртовска капија, чиј благ, месест и плоснат плод со големо количество на витамини, шеќери и протеини, е главна состојка на повеќе производи од палетата на Gurmano.

Gurmano - За полињата

За луѓето

Да се работи на производство на Gurmano значи да не се штеди на посветеност и истрајност во правењето и во споделувањето на оригиналните деликатеси. Тоа, пак, се постигнува само со пријатна работна атмосфера во која секој вработен се цени за својот придонес, соодветно се наградува и добива можност хиерархиски да напредува.

За производот

Направени вредно, со мерак и со желба за продолжување на оригиналните домашни рецепти на врвни деликатеси. Со префинетиот баланс на вкусовите, Gurmano се направени да одговорат на критериумите и на најпребирливите гурмани. За салата, за предјадење, за со секој залак од главното јадење - трпезата да е уживање и секој муабет поголемо зближување.

Gurmano - За производот