
Кога се зборува за ајвар, често се раскажува приказната за крадците што требало да ја откажат планираната „акција“, кога виделе дека домашните немаат намера да си легнат, да спијат. Одлуката била неизбежна, кога колегата пуштен во извидница им рекол: „Откажете за друг ден. Јадат леб, ајвар и сирење“. Ете, со таков ајвар си имаме работа. Осамете се со него и пуштете го да ви раскаже, да го гради вашиот монолог: „Ајваров ми е... тамам... Ајвар како што треба... само од пиперки...“. Веќе ви е јасно. Му фали само едно. Убав леб! И сирење. И јогурт! Се приближувате кон теглата, сакајќи да отпловите со аромата. Како да бил пред малку нацрпен од тенџерето, квечерината, вториот ден од семејниот собир кога се прави ајвар. Тој, старински вкус... „И старински и домашен“, се надоврзал некој, кој штотуку ви се придружил на трпезата.
Би можеле да почнете од класичната комбинација: намачкан на свежо, крцкаво парче леб, со парче сирење и јогурт. Кога ќе посакате друга комбинација, почнете да експериментирате. Со качамак. На потпечено лепче – како брускети, како топли сендвичи. Со крекери, со пченкарен чипс – без многу подготовки. Нека пукнат од чекање крадците!
Бруто тежина | 800.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 168 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 7 |
Бруто тежина на пакет | 4.85 kg |
Нето тежина на пакет | 2.94 kg |
Бруто тежина на палета | 835.00 kg |
Нето тежина на палета | 494.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x112 |