
Необичен вкус и необична комбинација од засебно вкусни компоненти. Мистично-допадливо кулинарско изненадување... необично како зборот „фергеса“, во кој лингвистите би препознале траги од латинското caseus, врски со англиското cheese, со шпанското queso. И, секако, не се далеку со својата професионална досетливост, имајќи го предвид сирењето – една од основните состојки, мистичниот фактор на фергесата, невидливо низ основата од пиперки сомборки и спорадичното црвенило од толчени суви пиперки. Рецептура зачувана од претходните генерации, доследно пренесена во теглите на Gurmano.
Оние што ја вкусиле, веднаш ќе почнат да нафрлаат идеи и впечатоци: како песто, за сос со тестенини... со крцкаво лепче... во тост, со путер, па препечено, да биде крцкаво... „И, ова намачкано одозгора... и изрендан кашкавал... и – крај на приказната!“
Бруто тежина | 790.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 168 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 7 |
Бруто тежина на пакет | 4.80 kg |
Нето тежина на пакет | 2.94 kg |
Бруто тежина на палета | 826.00 kg |
Нето тежина на палета | 494.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x112 |