
Лутото си е луто. Уште кога има убава боја, убава текстура, кога ќе ги распостеле на трпезата боите на природата... Радост во домот. Кога е пред нив закуската на Gurmano, зборовите со клешти да им ги влечеш на луѓето! Зборувањето ќе ги оддалечи од доживувањето што ги воодушевува, а тоа никој не го посакува. Единствено што ќе чуете се секвенци „подај наваму”, „подај натаму”. Мир во домот. Или: немир во домот – видено од аголот на луѓето на кои им е чудно уживањето во лутото. За впечатоците, има време. А, кога ќе се смират, почнуваат нафрлањата: „цепкани црвени пиперки“, „како јамболија“, „како шпагети, како некои италијански тестенини од пиперки“. „Што и да пробаш, си го има(ат) некако... тој, старински вкус... и старински и домашен“.
Комбинациите со закуската се бескрајни. Со јајце на око, со омлет, со качамак, како мезе со ракија, со лесни, со тешки јадења. Со сè. Шармот на едноставноста.
Бруто тежина | 510.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 264 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 11 |
Бруто тежина на пакет | 3.15 kg |
Нето тежина на пакет | 1.80 kg |
Бруто тежина на палета | 852.00 kg |
Нето тежина на палета | 459.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x119 |