
Оние што веќе го знаат, немаат многу време за лингвистичка дискусија. Сè им е јасно. Клучна состојка е модриот патлиџан, или la melanzana – што би рекле Италијанците. Веќе не им е којзнае колку важно како се случило да го завикаме со тоа име и како настанала рецептурата. Одговорот им го препуштаат на истражувачите на гастрономијата. Се дискутира за вкусовите, се споделуваат впечатоците. „Интересно луто“ – како лесно пецкање на сетилото за вкус. „Како чоколадо што ти крцка кога се растопува“. „Луто што трае. Ама не претереано луто“. „Мене ми е – топ!“
Одлично се комбинира со секакви лесни јадења. Со пржени лепчиња и овчо сирење. Со пржени тиквички. Со рендано сирење, малку мајонез, убаво измешано, со малку магдонос одозгора. Со крцкаво потпечена тортиља, сечкани ореви, магдонос и кашкавал или сирење? И бело вино!
Бруто тежина | 510.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 264 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 11 |
Бруто тежина на пакет | 3.15 kg |
Нето тежина на пакет | 1.80 kg |
Бруто тежина на палета | 852.00 kg |
Нето тежина на палета | 475.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x119 |