Gurmano - Македонски рецепт
Оригинален
Македонски рецепт

490 g

Благо Gurmano - Македонски рецепт Gurmano - Македонски рецепт

На повидок е лингвистичка дискусија на трпезата. Нова етимолошка загатка, како во случајот со фергесата. „А, зошто, се вика – малиџано? Звучи некако... италијански...“ Прашање на место. Одговорот го дава клучната состојка – модриот патлиџан – la melanzana – што би рекле Италијанците. Како се случило со тоа име да се завика и како настанала рецептурата на овој, веќе - класичен македонски деликатес, останува загатка за додека уживате во него. Дискусијата понатаму би можела да се насочи и кон прашањето – кој е типичниот начин за консумирање малиџано? „Го земаш од тегла и го јадеш!“, побрзува да одговори првиот дискутант. „Без леб – ништо!“, се надоврзува вториот. „Или, како во кафеана – во чинијче, па си подземаш “, ја проширува перспективата третиот. Ве пречекува со вкус на ќефлиски испржени зелени пиперки. „Како путер. Лизгава текстура... фин, смирен вкус...“. Сè друго следува во позадината.

Состојки

Сол Сол
Печена зелена пиперка Печена зелена пиперка
Сончогледово масло Сончогледово масло
Печен модар патлиџан Печен модар патлиџан

Најдобро оди со...

Би можело да се послужи и на подлога од пржена тиквичка, со малку павлака или со овчо кисело млеко. Ако се меки тиквичките – на подлога од крекер. „Или: крекер, лососче и малку од малиџаното одозгора и малку чили. Како канапе, за журки“. Добро би си одговарале и со помфрит и бело вино. Или, со варено јајце. „Да се извадат жолчките, па дополнето со малиџано. Или, жолчките измешани со малиџано, па така дополнети“. Пробајте и на потпечени лепчиња, со пармезан, или со овчи кашкавал. Мала тајна од гурманите: за разлика од ајварот, подобро се спарува со кашкавал.

Македонски рецепт

Нутритивни информации за 100 g

енергетска вредност
160.00Kcal / 171.00KJ
протеини
3.39 g
сол
1.81 g
вкупно јаглехидрати
5.94 g

од кои шеќери

3.98 g
вкупно масти
13.10 g

од кои заситени масни киселини

1.20 g

Логистички информации

Бруто тежина 790.00 g
Транспортен пакет 6/1
Број на пакети по палета 168
Број на пакети во ред 24
Број на редови по палета 7
Бруто тежина на пакет 4.80 kg
Нето тежина на пакет 2.94 kg
Бруто тежина на палета 826.00 kg
Нето тежина на палета 494.00 kg
Димензии на палета 120x80x112