
Убаво луто. За отворање апетит. Тамам луто. Ни многу, ни малку – и за луѓе што не јадат многу луто. Убаво луто – и за гурмани за кои без луто ден не поминува. Баланс што се насетува уште кога ќе ја отворите теглата. Има луто што го пробуваш и го оставаш, застануваш. И има луто на кое му ја прифаќаш играта и продолжуваш да го јадеш, како танго. Ова е такво. Комплексен вкус. Градација. Слатко-луто. Па, слатко-кисело-луто. Идеална комбинација, добро позната на сладокусците. На масата се случува координација... „Каде има уште леб?“. Некој прашува каде е теглата, за набргу да сфати дека сè уште не си ја дојал лутеницата во чинивчето.
Одлична комбинација со печено месо, со селско месо, со некое помасно месо. И пиво. И со црвено вино. Со сиренце – и... ракија! А и вода ќе биде убаво надоврзување.
Бруто тежина | 790.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 168 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 7 |
Бруто тежина на пакет | 4.80 kg |
Нето тежина на пакет | 2.94 kg |
Бруто тежина на палета | 826.00 kg |
Нето тежина на палета | 494.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x112 |