Мирисот од теглата оживува есенски ден на трпезата. Мирис на чадено. Чадени пиперки! Веќе се познавате. Си бара леб. И сирење. Колку дегустатори, толку изненадувачки разновидни доживувања: „Хомогенизиран, фокусиран, директен вкус“. „Се насетуваат зачини, ама се добро соединети, не можеш лесно да ги препознаеш“. „Текстурата и вкусот бараат да додадеш и други работи“. „Мислам дека би му одговарало и на некој што не јаде луто. Некако е, онака, гурмански луто“.
Би бил одлична комбинација со тако-чипс, со пекарски компир, а и со скара, со шарска плескавица. Со леб и сирење. Со полномасен, камен-тврд, убаво созреан кашкавал, со интензивен вкус, исечен на тенки ливчиња. Со грав. Со тавче грав. Или – модернизирана верзија – со грав во тортиља. Со реш-пржени тиквички.
Бруто тежина | 510.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 264 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 11 |
Бруто тежина на пакет | 3.15 kg |
Нето тежина на пакет | 1.80 kg |
Бруто тежина на палета | 852.00 kg |
Нето тежина на палета | 459.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x119 |