Мирис на чадено. Чадени пиперки. „Ме потсеќа на есенски ден!“ Трпезата одеднаш станува мегдан за панел-дискусија: „Јас, долго време за пинџур знаев нешто што се прави од зелени пиперки, со лук и со модар патлиџан“. „И јас“, се надоврзува следниот, „ама, кај нас се прави и зелен и црвен пинџур. Едниот со зелени пиперки и со модар патлиџан, другиот со црвени...“. Третиот, во меѓувреме побрзал да ја отвори теглата: „Многу убаво мириса“. Разговорoт набргу се пренасочува кон други теми. Впечатоците. „Блага пиперка“. „Има некој шмек... малку нагорчува... што ми се допаѓа!“ „И, вкус што трае!“. „Ми се допаѓа што се убаво исчистени пиперките – нема семки, нема лушпи. “ Се подава леб, се подава теглата кон следниот. Следуваат идеите.
Супер би одело со пржени јајца, на око, реш-испржени, по американски – превртени неколку пати... „Со нож да ги сечеш!“. Во каква и да е комбинација – со сирење. Или, со потпечени компири, издлабени како чамчиња, пополнети со пинџур, со убав солен кашкавал одозгора, додаден на крајот од печeњето – две-три минути, тамам колку да се растопи. Би одело и со домашен помфрит, со рендано сирење одозгора. Или, „стара школа“ – чашка ракија за загревање, па леб, пинџур и – тоа е тоа. „Или со шарска, со скара...“. „Со леб и сирење - класик!“.
Бруто тежина | 790.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 168 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 7 |
Бруто тежина на пакет | 4.80 kg |
Нето тежина на пакет | 2.94 kg |
Бруто тежина на палета | 826.00 kg |
Нето тежина на палета | 494.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x112 |