
„Кога Медитеранот би се ставил во тегла би се добило пеперфето!” Перфекција и баланс на вкусови: ем лутко (од пиперката), ем киселко (од маслинките), ем благичко (од доматите), ем доволно солено (од сирењето), ем деликатесно (од зачините). „Па ова е комплетно мезе!”. Совршен деликатес за љубителите на одмерено луто и различни текстури и вкусови: „Старите би рекле љубовно луто”. Спојот на лутите пиперки со другите состојки е толку совршен што наполно си го заслужува името – пеперфето!
Со својот одмерен лут вкус, но и со суптилно вткаената арома на сирење и маслинки, пеперфето е совршено мезе за ракија, жолта, бела, мастика... Прекрасно пасува со свежи салати, ајвар, пинџур, малиџано. Ако пржите јајца, пеперфето е сè што ви треба за да си приредите симфонија од вкусови. Може да се нанесува на крцкави крекери или потпечен леб.
Бруто тежина | 790.00 g |
Транспортен пакет | 6/1 |
Број на пакети по палета | 168 |
Број на пакети во ред | 24 |
Број на редови по палета | 7 |
Бруто тежина на пакет | 4.80 kg |
Нето тежина на пакет | 2.94 kg |
Бруто тежина на палета | 826.00 kg |
Нето тежина на палета | 494.00 kg |
Димензии на палета | 120x80x112 |